Столтенберг: Путин засекогаш ја загуби Украина

Путин засекогаш ја загуби Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин нема да може да ги постигне своите воени цели и покрај огромните воени напори по инвазијата во февруари минатата година.

„Целта на оваа инвазија беше да се спречи Украина да се движи кон НАТО и Европската унија. Украина сега е поблиску до НАТО и Европската унија од кога било досега. Ова е голем стратешки пораз за Русија. Претседателот Путин засекогаш ја загуби Украина“, рече Столтенберг во интервју за ДПА.

Тој е сигурен дека Украина на крајот ќе ја постигне целта за влез во НАТО. Тој, исто така, истакна дека Русија плаќа енормно висока цена за својата војна.