Стојаноска: Власта засилено ги полни институциите со партиски кадри кои немаат соодветни квалификации

Како се ближи изборниот процес, власта започна со дополнително партизирање на институциите, притоа кршејќи ги сите правила и прописи за вработување – обвини денеска на прес конференција пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.



– Вчера на Комисијата за изборите и именувањата се избираа членови и претседатели на повеќе комисии во Република Македонија за коишто предходно беше распишан оглас и имаше пријавено бројни кандидати. Во нормална држава, за вакви комисии како што се Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации или пак Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, очекувано би било да се изберат кандидати кои ги исполнуваат условите пропишани со огласот, но и кандидати кои со своето знаење и експертиза ќе допринесат за подобро и поефективно работење на ваквите комисии. Но за СДСМ и ДУИ не е битна квалификацијата на кандидатите туку меѓукоалицискиот пазар за вдомување и полнење на комисиите со партиски војници. За да биде иронијата поголема, условите кои што тие самите ги пропишаа во огласите за кандидатите, колегите од власта на комисијата не ги почитуваа. Беа изгласани кандидати што не исполнуваат еден или повеќе услови во огласите – рече Стојаноска