Скандал: Агенцијата за вработување затрупана со пријави за нововработени шпиони

Во моментов се врши масовно вработување на ,,шпионски кадар” односно работно ангажирани лица во Агенцијата за разузнавање, тврдат извори во Агенцијата за вработување на Република Македонија.



Изворите се жалат дека се затрупани од пријави за вработување во Агенцијата за вработување каде директор е Еролд Муслиу кој е именуван од претседателот Стево Пендаровски.

Ваква наезда на вработување во една македонска тајна служба не се случила од основањето на агенцијата или од реформата на Агенцијата за национална безбедност тврдат изворите кои го даваат точниот број на нововработени “шпиони” под контрола на Пендаровски.

За да не ги прекрши законските одредби за класифицираност кои важат за тајната служба под контрола на Пендаровски expres.mk засега не го објавува бројот и профилот на нововработените ,,шпиони”.

Вработувањата во Агенцијата за разузнавање се случуваат на еден месец пред формирањето на техничката влада што индицира на корупција затоа што е јасно дека ако имало толкава потреба од вработени во АР тие ќе биле вработувани и предходно.

Имдициите се дека нововработените ќе треба да му помогнат на Пендаровски и на СДСМ за да го зголемат бројот на гласачи на следните претседателски и парламентарни избори.

Г. М.