Арачиновци почнаа да плаќаат даноци!

За 422 отсто годинава е зголемена наплатата на данок во споредба со минатата година, изјави градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими според кој веќе е минато времето кога за Општината се велело дека не се собира данок од жителите.



„Општина Арачиново годинава од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 година е раст од 422 отсто“, изјавил градоначалникот на настан организиран од УСАИД, притоа во соопштението на Општината не е наведено колкав е процентот на домаќинства од кои не е собран данок.

„Арачиново не е веќе ‘црна овца’ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече Ибраими.