Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза бара веднаш да му биде даден лекот трикафта, бидејќи, како што вели во изјава за Фокус, здравственатa состојба му е влошена.
Тој го повика министерот Меџити веднаш да ги извести докторите на Детска клиника за да му го дадат лекот.
„Мојата здравствена состојба е алармантна. Од утрово искашлувам крв. Апел до вас, известете ги докторите од Детска клиника лекот трикафта да ми биде даден веднаш за да не биде предоцна. Некој во оваа држава свесно ме убива“ вели Пехчевски вио изјава за ТВ24.
Пехчевски во повеќе наврати ги повикуваше надлежните да го обезбедат лекот за пациентите со оваа болест.
Министерот за здравство Фатмир Меџити вчера одржа прес-конференција во Владата и го најави пристигнувањето на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза.






