Просечната плата во октомври во однос на претходниот месец порасна за речиси 1.000 денари, и сега е скоро 39.000 денари, објави статистиката. Растот продолжува, најмногу во јавниот сектор, поради колективните договори, но и во приватниот, во фармацијтаа, банките и осигурувањето, велат од Синдикатот, а објави Сител. Сепак и со порастот, примањата се недоволни за нормална живеачка ако се живее со една просечна и една минимална плата.

– Верувајте дека потрошувачакта кошница овој месец ќе надмине 50 илјади денари, така да, порастот не е доволен. Инаку, од статистиката гледаме дека најголем пораст има во секторите водоснабдување, снабдување со електрична енергија, управување со отпад, односно 90% се од јавниот сектор, што можеби потпишаните Колективни договори го зголемиле просекот, но сепак платите треба да растат и во приватниот сектор, за да се мотивираат работниците, вели Иван Пешевски, од ССМ.
Највисоки плати се исплаќаат во ИТ секторот, над 92 илајди денари, во возодухопловството, над 76 илјади, фармацијата и банките. Покачување има и во преработувачката индустрија, каде просекот достигна скоро 34 илјади денари. Токму порастот на платите го зголеми и износот на регрес за годишен одмор.

Минималната сума надмина 15 илјади денари. Газдите имаат рок уште 10-тина дена да ја исполнат законската обврска. До сега во ССМ, за неисплаќење на регресот пристиганле над 2,000 пријави. Сопствениците можат да исплатат и максимален износ за К-15, кој надминува 46 илјади денари. Од Синдикатот велат дека има и такви фирми кои ја исплатиле оваа сума, но, тие се бројат на прсти.





