Откриен идентитетот – Давид Козак е убиецот на 15 луѓе во Прага

Чешката полиција го соопшти идентитетот на напаѓачот од Прага: Се сомнева дека утрово го убил и својот татко

Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак.



Претходно денеска по него полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби најмалку 15 лица на Филозофскиот факултет во Прага, по што и тој беше убиен.

Козак бил студент на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход.