Бериша: Како прв премиер-Албанец во оставка Џафери ќе биде возач на автомобил само 20 метри пред сам да го паркира во гаражата!

Првиот премиер-Албанец ќе има врзани раце. Ограничена моќ ќе има највисоката извршна власт, со која ќе раководи тој. Првиот премиер-Албанец ми наликува на разгалениот син, кој се наоѓа во автомобилот и патува со татко му, но кој е немирен цело време, имајќи горлива желба да седне на возачкото седиште каде што возачот е неговиот татко. Но, тој ја остварува својата желба да го вози автомобилот само 20 метри пред самиот да го паркира автомобилот во гаражата на куќата!“ – вели Ејуп Бериша, политиког и поранешен политички советник на еден поранешен претседател на Македонија, во својата колумна со наслов „Честитки за првиот премиер-Албанец на Владата во оставка – шеф на извршната власт со врзани раце, или со ограничена власт и моќ“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.



Натаму, Бериша пишува: Со договорот од Пржино од 2015 година главните политички сили во Р*В се договорија во последните 100 дена од мандатот, наместо политичка Влада, државата да ја води техничка Влада. Оваа Влада ќе има ограничена извршна улога, или главно технички надлежности. Таа ќе треба да ги организира следните парламентарни избори во 2024 година. Техничката Влада е влада во оставка.

На парламентарните избори во 2020 година ДУИ вети дека по нивното завршување Владата на * Македонија ќе ја води Албанец. Ова го нарекоа прв премиер-Албанец.  ДУИ не го исполни ова, бидејќи на чело на централната извршна власт е именуван поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, Македонец. Првиот премиер-Албанец не беше ниту првото, ниту последното ветување на ДУИ пред албанското бирачко тело, кое не можеше да го исполни. Пред првиот премиер-Албанец од ДУИ го имавме и ветувањето за претседател-Албанец, кое би било консензуално, според нив. Но и по претседателските избори во 2019 година претседателот на Републиката не беше Албанец, туку Стево Пендаровски, исто така Македонец.

Да се вратиме на првиот премиер-Албанец и на техничката Влада што ќе ја предводи тој. Како прв премиер-Албанец ДУИ го одреди претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој ќе ја води Владата во оставка и ќе биде првиот премиер-Албанец, кој ќе поднесе оставка. Што се однесува до улогата и позицијата на техничката Влада, нејзините овластувања и времетраење се ограничени во однос на редовната влада. Кога сме кај овластувањата, членовите на техничката Влада не можат да донесуваат важни и пошироки одлуки, бидејќи таа ќе нема легитимитет за нив.