Проектот “Чебрен” е злостор и голема кражба, предупредуваат експертите

професорот Атанаско Туневски смета дека проектот “Чебрен” е злостор.



“Какво е тоа јавно – приватно партнерство кога позади имаме грчко електростопанство, кое му овозможува да му го дадеме на поклон Тиквеш и грчкото електростопанство да го изгради Чебрен и струјата да ја дава на берза. Што е тука добро за нашиот народ. Бидејќи јавно – приватно партнерство се прави за добро на народот, а не за добро на грчкиот партнер“, истакна во Топ Тема на Телма професорот.

Министерката Шукова истакна дека ова е невистина, затоа што државата има 33% влог во ова јавно – приватно партнерство.

Вие го крадете народот пред наши очи, возврати Туневски и објасни со улистративен пример- „Тиквеш дава струја 100 единици, Чебрен 150, значи заедно 250, тоа исто како вие да му речете на грчкото електростопанство јас имам куќа на еден кат и еве изгради уште еден над мене и уште пола. Третина од дваипол ката е 0,8, не е ниту кат. Третина од дваи пол ката и останува на државата, сега сме газди, а потоа ќе бидеме кираџии на своето“, вели Туневски.

Тој го истакна и проектот „Мал Чебрен“ ниска брана од 130 метри, француска студија, но, вели не го сакаат ова оти Тиквеш не се дава.

„Тиквеш немате право да го дадете ниту во име на минатите, ниту на идните генерации. Немате право ни Црна река да ја дадете. Тиквеш е многу важен за нашата државата, кога блок во РЕК Битола ќе падне, Тиквеш го уклучуваме“, рече Тиневски.

„На никого ништо не давеме“, контрираше министерката Шукова, „Чебрен треба да биде изграден за 7-8 години, па потоа се вклучува Тиквеш, така е според проектот“, рече таа.

Според неа Законот за води е многу јасен, не ја даваме Црна река и нема да ја изгубиме водатата, тука ја контролираме, ова се неточни констатации.