Илјадници ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и за родителите. За секоја од овие образовни установи „Макпетрол“ обезбеди и печатен едукативен материјал.
Целта е да се зголеми интересот за проблемот со булингот и решавањето. Адресирањето на причините и проблемите е клучно.
На работилниците, децата имаат можност од психолог да се запознаат со проблемот со булингот, односно со неговите форми како физичко, вербално, односно, психичко, социјално и сајбер-насилство. Во овие едукативни средби учествуваат и стручните служби кои што се здобиваат со знаења што можат да ги применат во секојдневната настава.





