Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Нино Васев и докторите Игор Стојковски и Марија Симонова се ослободени од обвинение, пресече Кривичниот суд во Скопје во случајот на пациентот Томо Ристовски.
Според обивнението, на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018.
Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори.
Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.
Откако судот пресече дека тие не се виновни, семејството на Ристовски најави дека ќе ја обжали пресудата.





