Локален лидер на СДСМ е најсериозен кандидат за шеф на една од најбогатите државни агенции Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
На листата на кандидати има повеќе лица од кои треба да се изберат член и претседател во АЕК.

На денешното гласање на седницата на собраниската Комисијата за избори најголеми шанси имаат кандидатите на СДСМ и ДУИ кои ги имаат потребните гласови за оваа богата државна агенција.
Кандидатот Владимир Станивуковиќ е претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош и близок соработник на потпретседателот и директор на Царина Стефан Богоев.
Според пријавата тој нема никаква врска со електронски комуникации туку е менаџер за логистика.
Неговата кандидатура се случува во моменти кога Европската Унија преку извештајот за напредокот ни порача дека мора да запре партизацијата на институциите.






