За 100.000 леки (илјада евра) новинари од албанската „Топ ченл“ купиле две потврди потпишани и заверени со печат, за наводно бугарско потекло.
Емисијата „Фикс Фаре“ на „Топ Ченел“ позната по откривање на афери и скандали, во изданието емитувано синоќа со глас и слика докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острен, област Голо Брдо општина Булќиза, без разлика на потеклото.
Новинар од Фикс купил две такви потпишани и запечатени потврди од администраторот на Острен, Луан Мјештри.
„Потврдите ги добивме со доставување фотокопии од потврди, на жител на Патос, со баба и дедо од административна единица Требиште и втората за жител на Стеблево, со баба и дедо од Стеблево, општина Либражд. Потеклото на двете семејства немале никаква врска со административната единица Острени, наведува телевизијата.
Овие потврди се издаваат за сума од 90 или 100 илјади леки и се користат за добивање бугарски пасош.





