Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп планира суштински да ги промени односите на Америка со Европа доколку освои втор мандат на функцијата.



Трамп рече дека за време на неговото претседателство, Америка фундаментално ќе ја преиспита „целта на НАТО и мисијата на НАТО“, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, рече дека ќе побара од Европа да им ги надомести на САД муницијата испратена во Украина во вредност од „речиси 200 милијарди долари“.

Трамп го намали одбранбеното финансирање на НАТО во последниот дел од неговиот мандат, и тој често се жалеше дека Америка плаќа повеќе…

Конкретно за војната во Украина, тој повика на деескалација, често тврдејќи дека ќе го реши конфликтот за 24 часа, иако изнесе неколку опипливи предлози за политика.