Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе поднесе жалба до Уставниот суд откако вчера во Народното собрание беа усвоени измените на Уставот.
„Бугарите ќе платат висока цена за експериментот со Уставот. А како шеф на државата, моја должност е да се жалам до Уставниот суд“, рече Румен Радев како што пренесоа медиуми.
Бугарскиот парламент ги усвои уставните амандмани со кои се ограничуваат овластувањата на претседател Румен Радев при назначувањето на премиерот и члемновите на преодната влада
Двотретинското мнозинство гласови потребно за усвојување на уставните амандмани беше тесно постигнато со 165 од вкупно 240 гласови, пренесе агенцијата БТА.
Тоа значи дека претседателот ќе има помала улога доколку падне коалициската влада и во тој случај повеќе нема да може да го распушти парламентот.
При назначувањето на преодниот премиер, претседателот во иднина ќе може да избира само меѓу претседателот на парламентот и членовите на тесниот круг високи владини функционери.
По гласањето, Радев најави дека амандманите ќе ги достави до Уставниот суд, сметајќи дека тие можат да ги поткопаат темелите на демократска и суверена држава.






