Бојан Миовски му помогна на Абердин брзо да го надмине разочарувањето од поразот од Глазгов ренџерс во финалето на фудбалскиот Лига куп на Шкотска и како двоен стрелец е најзаслужниот за победата на домаќинот на „Питодри“ од 2:1 со пресврт против Ливингстон во заостанатиот натпревар од 12. коло од шкотскиот Премиершип.
Откако гостите поведоа по 28 минути игра, 24-годишниот македонски напаѓач прво со прекрасен гол со глава израмни во 42. минута, за во 64. минута да погоди за вредни три бода, со кои Абердин се искачи на осмото место и се доближи на пет бода до првите шест тима на табелата што ќе разигруваат за титулата.
Против „фенерџијата“ во лигата Миовски стигна до 14 погодоци во 27 натпревари во сите клупски натреварувања сезонава, а само во Премиершип сега е четврти на листата на стрелците со 8, еден помалку од Метју О’Рајли од Селтик и двоецот Џејмс Таверние и Абдалах Сима од Ренџерс.
Веќе на половина од својата втора сезона во Шкотска репрезентативецот на Македонија се доближи до 18. погодоци за Абердин во минатата.






