Владата почна да ги троши 350-те илјади евра за да промовира придобивките од ЕУ

 „Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци “ е првата панел дискусија на Владата која ја стартуваше кампањата за промовирање на придобивките од членството во ЕУ до граѓаните.




Кампањата ќе трае 45 дена и ќе се фокусира на пет области – економија, земјоделство, животна средина, демократија и владеење на правото и млади.

Преку панел дискусии, информативни видео спотови, видео анимации, билборди и дигитална содржина наменета за социјалните медиуми граѓаните ќе се информираат за придобивките од евроинтергацискиот процес и членството во Унијата, а за тоа владата ќе потроши над 350.000 евра.