Уште една елка на плоштадот. Откако „тажната ” елка на градскиот плоштад доби бројни коментари и критики, а стана дури и тема во медиумите во соседството, кои ја опишаа како „грда” и „несреќна”, градоначалничката постави уште една елка.
Двете елки се слични и се поставени една спроти друга, од едната и другата страна на фонтаната „Воин на коњ“.
Критиките и коментарите изминатите денови кон градоначалничката Данела Арсовска беа во врска со новогодишното украсување на градот и за елката, која неколку дена беше половично накитена.
Граѓаните пишуваат дека Скопје е „тажно” и изгледа најлошо од сите градови во регионот. Која е фирмата што го кити Скопје одговор нема. Досега, Арсовска само напиша на социјалните мрежи дека украсувањето чини 30 илјади евра.
- Фото : 360 степени.мк






