Синдикатот на контролорите на летање сè уште не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година, кога нема да има полетувања и слетувања од скопскиот и од охридскиот аеродром, иако Министерството за транспорт и врски побара во интерес на граѓаните да се повлече таа одлука.Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на М-НАВ, вели:
– Засега нема никакви промени во однос на одлуката за штрајк. Се останува според најавеното.Време за договор и за повлекување на одлуката има до 25 декември, за кога е најавен предупредувачкиот штрајк. Треба само да се исполнат барањата, велат од синдикатот кој го активира штрајкот по објавувањето на два огласа од страна на раководството на М-НАВ.Синдикатот на контролрите на летање смета дека во овие огласи не се почитувани роковите, а кадарот кој треба да се вработи „не е од суштинските дејности и не е потребен“. Синдикатот тврди дека првиот оглас бил со траење од 10 денови наместо од 10 работни денови, додека вториот за период од 3 дена од кои 2 се сабота и недела.Огласите се за деловни асистенти и за советник за човечки ресурси, место кое според синдикатот е наменето за поранешен директор во М-НАВ. Подоцна раководството демантираше дека за такво место има оглас.





