„Демократското движење на Изет Меџити ги оценува како ужасни и неверојатни најновите податоци за бегството на граѓаните и особено младите од татковината. Пајтим Османи од Демократското движење објави статистички податоци за иселувањето на младите на возраст до 35 години во последните 20 години, со пресметан индекс на илјада жители.“ – пренесе ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: „Од Црна Гора од илјада млади се иселиле 92, од Хрватска 215, од Србија 283, од Албанија од илјада млади се иселиле 290, од Босна и Херцеговина се иселиле 291, а од Македонија 402 млади на возраст до 35 години. Апсолутниот европски рекорд го држи северозападниот дел на Македонија, каде што доминираат Албанците: од овој регион се иселуваат 603 млади на возраст до 35 години.“ – кажа Пајтим Османи.
Како причини за масовното бегање на младите Османи ги наведува заморот од празни ветувања, измамите и лагите на политичарите, непотизмот и партизираноста, корупцијата и невладеењето на правото, кражбите и ограбувањето на државата.
„Младите, особено Албанците, ја напуштаат татковината, немајќи надеж, бидејќи се уморни од ‘патриотизмот’ на ДУИ, кој повеќе се грижи за мртвите отколку за живите. Криминалот и корупцијата станаа елитни вредности, додека ‘политичарите’ на ДУИ, алчни за власт, велат: ‘Не сте виделе уште ништо.’ Лажниот патриотизам нема никаква смисла, бидејќи вистинскиот патриотизам има смисла кога општествената и економската благосостојба се на разумно рамниште. Сите плаќаат данок, за да бидат еднакви, рамноправни, но печалат, профитираат оние, кои се на власт и нивните неписмени милитанти. Кога сите овие црнила ги гледаме насекаде околу нас, тогаш е нормално алармантното бегање на младите Албанци, дури и во библиски размери. Но на хоризонтот сепак се гледа дека ќе дојде промената и оти ќе заживее надежта.“ – се вели во реакцијата на Пајтим Османи од опозициското Демократско движење.





