„Законот е целосно во рамки на Уставот и го задоволува и духот на Рамковниот договор. Ги помина сите фази во Владата. Жалиме што претседателот на државата не го потпиша законот и не успеа да ја искористи последната година од својот мандат да биде кохезивен фактор во општеството.
Меѓутоа, жално е и што опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го искористи овој моментум за да ги потврди своите тврдења по изборите дека е погрешно интерпретирана и оти се антиалбански настроени или дека згрешиле во односот кон Албанците“, изјави денеска за новинарите вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Законот, по второ читање, беше усвоен од 69 од присутните 69 пратеници во парлементоот на 11 јануари без присуство на опозицијата, а претседателот Ѓорѓе Иванов одби да потпише указ за негово ставање во сила. Тој испрати забелешки на 14 страници пишан текст околу недоследностите и колизијата на ЗУЈ со Уставот на Република Македонија.
Доколку биде усвоен по втор пат, шефот на државата нема да има шанси за идни интервенции.
Иако беше ветено, Законот не беше испратен ни до Венецијанската комисија од која се очекува одговор дали изедначувањето на албанскиот јазик во владините, државните, јавните институции на целата територија во Македонија со официјалниот македонски јазик е прифатливо.
Мислењето на Венецијанската комсија е советодавно и, од практични причини, се бара пред усвојување на закони од типот на ЗУЈ кој во македонскиот парлаент помина со таканареченото „европско знаменце“, по брза постапка и без двотретинско мнозинство.
Комесарот на ЕУ, Јоханес Хан, при последнта посета на Скопје изрази недоумици зошто овој закон, кој не е приоритетен за приближувањето на Република Македонија кон ЕУ, е пуштен во процедура.
Но, вицепремиерот, како то пренесува „Плуинфо“ законот ќе бил донесен и покрај непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов и обидот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со поднесените амандмани да го блокира.Нивното противење е потврда за немање чувство на одговорност и на сензитивност во однос на овие прашања, рече денеска Бујар Османи.





