Пет внуци на вработен во противпожарната служба загинаа во пожар во куќа – што според полицијата се случил додека нивниот татко бил надвор од Божиќен шопинг.



Бидејќи жртвите се внуци на вработен како пожарникар во градот Булхед, тимови од пожарникарската служба на градот Lake Havasu City и федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви ќе помогнат во истрагата на полицијата.

Таткото на четирите деца им рекол на инспекторите дека ги оставил во домот околу два и пол часа додека одел на шопинг за храна и божиќни подароци, извести полицијата на градот Булхед, пишува „Sky News“.

Според полицијата, во тој момент во домот немало други возрасни лица.

Истражителите веруваат дека пожарот избувнал од приземјето и се проширил низ единствените скали во внатрешноста на куќата и затоа децата не можеле да излезат од куќата. Неколку соседи поставиле продолжени скали до спалната соба на горниот кат, но не можеле да ги извлечат децата.

Полицијата соопшти дека телата на петте деца биле во истата спална соба на катот од домот.