Американскиот Сенат нема да гласа за пакетот помош за Украина и зајакнувањето на безбедноста на границите на САД пред почетокот на следната година.
Преговарачите на демократите и републиканците продолжуваат да работат и за време на божикните празници, изјавија лидерите на Претставничкиот дом.
Барањето на администрацијата на Бајден за уште 61 милијарда долари помош е заглавено во Конгресот, каде републиканците велат дека тоа мора да биде поврзано со построги контроли на имиграцијата долж границата меѓу САД и Мексико.
„Нашите преговарачи ќе работатмногу напорно за време на периодот на одмор во декември и јануари, а нашата цел е да направиме нешто штом ќе се вратиме“, им рече на новинарите лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Републиканецот во Претставничкиот дом, Џон Тун, исто така рече дека договор нема да биде постигнат пред јануари. „Демократите се надминаа до точка каде што е невозможно да се постигне суштински договор за безбедноста на границите пред Божиќ“, рече тој на говорницата во Сенатот.
Белата куќа предупреди дека до крајот на годината ќе исчезне американската помош за Украина за враќање на територијата окупирана од Русија од инвазијата во 2022 година.






