„Има безброј илустрации за бугарското варварство кон Македонците, не само нивните фашистички ѕверства за време на Втората светска војна во Македонија. Не само садистичкото убиство на младинците во Ваташа. Во макропланот на нивниот нагон за варварство кон Македонците се наоѓа целосното уништување на македонскиот идентитет и негово безусловно преведување во бугарски. Тоа е највисоката точка на варварство.“ – вели Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач, во својата колумна со наслов „Бугарското варварство кон Македонците“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Клетников пишува: Тоа го илустрира и скорешниот случај на бугарската варварска дипломатија, која успеа да ја убеди сенаторката од Мичиген, САД, да се откаже од проектот реализиран со македонската дијаспора да се прогласи септември како месец на македонско-американското културно наследство. Бугарите на сите точки на оваа планета решиле да нè убијат. Тоа е варварство, кое ѝ е својствено на примитивната душа. Во случајот бугарската душа на кан Аспарух, која, гледајќи ги и слушајќи ги протагонистите на оваа психологија, каков што е Румен Радев и сличните, и по толку столетија од мочуриштата на архаичната протобугарска цивилизација е присутна во Софија и денес.
Нашата одродена квислиншка власт е упорна да ги внесе Бугарите во Уставот. Јас сум категорички против таа деструктивна глупост, која нè тера да ја допотполниме гробницата, што ни ја ископаа западните и балканските гробари во Преспа 2018, иако со гробарските лопати ракуваа Заев и Димитров. Сега со Бугарите само е планирано од западните „меѓународни“ планери, „мајстори на смртта“ натаму да се зголемува македонската идентитетска смрт. Во тоа посебно активна улога има Емануел Макрон, новиот француски Маркиз де Сад.
Тука веќе се работи за една колективна патологија и за заболен колективен организам со бацилот на еден со столетија генетички инженеринг, што го спроведува бугарската агресивна политика кон Македонците, заразувајќи го притоа докрај со неа и здравото ткиво на простосрдечниот бугарски народ, што е голем грев и дефект. Особено денес со една невидена канибалистичка страст тој инженеринг, кој не дава резултат, но е упорен, е поддржан и од нашата квислиншка власт.
Бугарската проекција кон Македонците е темна и подла. Бугарите го крадат културно-цивилизациски имот на Македонците, почнувајќи од Кирил и Методиј наваму сè до денес. Сето тоа говори за една тешка колективна патологија на еден заболен колективен организам. Погледни ги бугарската влада и парламент од Радев до последниот, па ќе се увериш во тоа. Бугарите, всушност, својот екстремно варварски нагон за грабеж на македонската историска и културна меморија ни го припишуваат нам, за да се ослободат од темната сенка на нивната душа.
Таа болна и темна проекција на Бугарите кон Македонците трае со столетија, а денес особено е засилена до невидена патолошка невроза како хистерија. Бугарите се наоѓаат во психопатолошката болница на цивилизацијата како тежок и речиси сега-засега неизлечив пациент. Бугарите имаат профил на хиена кон „жртвата“ Македонија и Македонци.
Во една анкета од деведесеттите години на минатиот век за тоа кој е најзначаен Бугарин во целокупната бугарска историја тие речиси безмалку стоотстотно го дадоа гласот за кан Аспарух, кој нив како татаротуркменско племе ги доведе од Казан кај Волга на Балканот, Во таа анкета ги нема на челното место Кирил и Методиј, Климент и Гоце, за кои толку крвнички се грабаат тие. Нивниот учен Сефтерски вели дека тие до десеттиот век на дворот на Симеон зборувале протобугарски, татаротуркменски. Отпосле го зеле како свој јазикот на македонските Словени, кои ги вовеле нив од пагани во новата христијанска цивилизација.
Тоа е вистината, за која наспроти Радев и другите слични нему, ја кажуваат и некои умни и праведни бугарски лингвисти, историчари, етнолози и антрополози. Меѓу нив е и Иван Шишманов, познатиот интелектуалец, филолог, министер за просвета во свое време, амбасадор, академик и професор на Софискиот универзитет.
Тој во весникот „Камбана“ од 13.4.1918 пишува: „Секој книжевен јазик пред да стане тоа е наречје. Во основата на старобугарскиот јазик лежи едно македонско наречје (веројатно од околината на Солун)“. Ете сега е јасно зошто толку им се лутев на нашите лингвисти од Институтот за македонски јазик, што го бранеа грчевито нашиот јазик од Бугарите без да им кажат дека нивниот јазик е дијалект на македонскиот, кој е генерички извор и на сите словенски јазици, како што тврди и Енциклопедија Британика од 1932, а не обратно.





