Бислимовски: Нема да дозволиме струен шок

Енергетските компании бараат 27% зголемување на цената на струјата, но  „апсолутно нема да го добијат тоа“, изјави во разговор за МИА, претседателот на РДегулаторната комисија.



Марко Бислимоски како претседател на Бордот на регулатори на Енергетска заедница присуствуваше на редовниот состанок во Атина на кој меѓу другото, требаше да се избере и нов претседател, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот му се продолжи за уште шест месеци.

Околу прашањата што ја мачат јавноста, дали ќе се зголеми цената на струјата, Бислимовски вели „ очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста.

Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува“.

Тој објаснува дека треба да се земат предвид зголемувањето на набавната цена на ЕВН хоум, трошоците за загуби на електрична енергија кои се зголемија кај електродистрибуција, зголемените трошоци за материјали, зголемените плати во компаниите итн.

„Нема да дозволиме никаков ценовен шок. Повторно разноразните експерти ќе ги разочараме, така што, во текот на следната недела ќе ја соопштиме конечната одлука“, истакнува претседателот на РЕК.