Првиот човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари изјави дека голем дел од сопартијците не сакаат коалиција со ДУИ на претстојните избори.
Според него, расположението е главно да излезат сами или да коалицираат со опозицијата.
„Главно членството во Алијансата е да не оди со ДУИ. Има повеќе што се за самостојно учество или пак се преземаат чекори за да се дојде до промена. Но, пак повторувам, треба да се направи добра анализа. Да се изнесат анкетите направени пред партиско Собрание, да се дебатира“, рече меѓу другото Таравари во телевизиското гостување во студиото на „Клан Македонија“.

Според Таравари, во 2022 требало ДУИ да оди во опозиција, но на тогашните избори проблем била лошата поставеност на албанското опозициско коалицирање.
„И сега сме во ситуација во која веруваме, покажуваат и анкетите, ако АА влезе во опозиција, постои реална можност, не велам 100 проценти, ДУИ да оди во опозиција“, потенцира Таравари.





