Кралот Таче, три слики, фрустрации, нарцис, себичност и пропаганда – пишува Горан Момироски

Премиерот Ковачевски денеска објави три слики од настан на кој ги делеше нашите пари, меѓу нив и моите пари кои лично ги плаќам за данок, царина, и разни други давачки кој државата.



Таче се пофали дека ,,давале” пари за проекти и објави три слики кои укажуваат на неговото пореметено чувство за тоа кој дава и кој не треба да се фали што ги распределува државните пари.

За мене сликите што ги објавува Таче во кумановско и скопско познат и под друг прекар докажуваат дека премиерот освен што се обидува да направи пропаганда открива и други свои психолошки карактеристики кои ги имаат кралевите и големите диктатори а не скромен шеф на влада на сиромашна земја.

На една од сликите е големиот Таче, во крупен план, измазнет како зет пред свадба, благо насмеан, наместен за сликање чиниш ќе добие Нобелова награда за наука.

На другите две слики е владата и сите градоначалници што добиваат пари за проекти.

На двете слики не може јасно да се види ниту еден лик од ниту еден министер или градоначалник. Во постот нивните имиња не се ни споменуваат. Затоа што нашиот Таче мисли дека тие не се важни, дека само тој има право да му се види ликот како тој од своја џеб да ги вади парите што ги дава владата за проекти.

Како да е тој кралот кој од својата ризница исполнета од странски освојувања ќе плаќа за проектите. Како да не се работи за парите од нашите уплати во државниот буџет.

Тоа што со наши пари на шест месеци пред избори мисли дека може да го излаже народот дека тој е најдобра иднина за Македонија не е нова дијагноза.

Од неа боледувале и други пред него а ќе се заразат и други по него.

Но болеста според која само тој од педесетина луѓе на настанот заслужува јасно да му се види ликот ја имаале само малкумина досега во македонската политика.

Од францускиот крал Луј 14 познат како ,,Кралот сонце” досега немало многу луѓе оболени од нарцизам. Еден од нив може да е нашиот Таче кој сам си објавил голема слика од самиот себе и една слика на која се наоѓаат педесетина луѓе чии ликови не можете да ги видите ни со помош на лупа.

За градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се на сликите јасно е дека ако можел Таче немало воопшто да ги слика, но тој со заматената слика на сите други со цел само тој да добие пропагандни поени си ги понижува и своите соработници во владата и градоначалниците на СДСМ, ДУИ и Алијасна за Албанците.

Е толку е забегана неговата пропагандна тактика.

Со единствена цел меѓу редови да ни каже дека тој е ,,Кралот Сонце” кој е заслужен што во Македонија се спроведуваат проекти.

Во неговата објава главен акцент се става на зборот,,даваме” кој во нормална ситуација треба да се дефинира како ,,даваат граѓани на граѓани” а не како што сака Таче да прикаже дека дава СДСМ.

,,Со 32,5 милиони евра даваме поддршка за реализација на проекти кои се од витално значење за граѓаните во општините.

Денеска се потпишаа вкупно 66 проекти со 44 општини. Се работи за проекти за изградба и реконструкција на градинки и училишта, спортски сали, патишта, мостови, пречистителни станици и многу други проекти. Ова се проекти со кои овозможуваме подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование, здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните.

Го поттикнуваме развојот на општините и создаваме услови за рамномерен регионален развој. Поддршката за општините продолжува, затоа што за нас секој граѓанин, во секоја општина е важен. Граѓаните заслужуваат европски услови и ние имаме обврска тоа да им го обезбедиме”, објави Таче ,,Кралот сонце”.