Предлогот „Македонија“ ја тресе грчката политичка сцена, а премиерот Алексис Ципрас во поседнит 48 часови е цел на рафални критики.
Добро информирани грчки кругови сметаат дека партиите нема да ја испуштат можноста да профитираат од проблемот кој го префрлаат на актуелниот грчки премиер.
Средбата на Ципрас со неговиот колега колега, Зоран Заев во Давос, на која биле поставени „темелите“ за решение околу разговорите за името бидејќи лидерите понудија гестови на добра волја во тој правец, се чини ја растресе грчката политичка сцена.
Според извори на „Катимерини“, Ципрас е убеден дека парламентот ќе го ратификува секој договор постигнат со Скопје, бидејќи е потребно само просто мнозинство.
Грчкиот премиер бил подготвен да обезбеди поддршка од други политички партии, главно поради тоа што помалиот коалиционен партнер, десничарската партија Независни Грци (АНЕЛ) се спротивставува на употребата на името Македонија во идното „решение за името“. Во СИРИЗА дури и разговарале за опцијата доколку Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана, и лидер на АНЕЛ ја напушти владата.
Неофицијално и високи владини извори признаваат дека поддршката за најверојатниот договор во врска со терминот Македонија би можел да биде политичко самоубиство за АНЕЛ, која веќе заостанува во анкетите за јавното мислење.
Некои, пак, веруваат дека дури и ако АНЕЛ се повлече, левичарите би можеле да продолжат да владеат, со нивните 145 пратеници, на кои би можеле да привлерчат пратеници и од АНЕЛ и Сојузот на центристи.
Но „танталовите маки“ на Алексис Ципрас не завршуваат тука.
Најголема загриженост е противењето на јавноста на решение кое би го вклучило името Македонија. Затоа „одѕивот на митингот за ова прашање оваа недела ќе биде внимателно следен од владата“ пишува „Катимерини“.
Ни поединечните средби со лидерите на опозицијата, околу името, не му одат на рака на премиерот.
Лидерот на Неа демократија, Киријакос Мицотакис, го обвини Ципрас дека не се консултирал пред да започне разговори за да создаде „силен национален фронт“, со што ќе ја поткопал можноста да се постигне решение со ПЈРМ.
Водачот на ПАСОК, Фофи Генимата, го критикуваше премиерот дека влегол во преговори, дури и „без да обезбеди консензус во рамките на неговата сопствена влада“.
Лидерот на Грчката комунистичка партија (ДКЕ), Димитрис Куцумбас, ја истакна потребата од промена на уставот на ПЈРМ и изнесе мислење дека е можно решението за спорот со Скопје.
Лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис, вели дека е „смешно“ дека министерот за одбрана треба да има различна позиција на премиерот во врска со ова прашање.
Тој додаде дека неговата партија ќе го поддржи решението кое вклучува сложено име на словенски јазик за соседот на Грција.
„Постојат многу опции кои се подобри од Горна Македонија“, рече тој.




