Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на вчерашната посета на Унгарија изјави дека сака да ги продлабочи односите со премиерот Виктор Орбан.
Повод за посетата на Ердоган беше стогодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
„Сакаме уште посилни односи во одбраната и енергетиката, области во кои веќе плодно соработуваме“, рече Ердоган, додавајќи дека целта е да се зголеми трговијата со стоки од четири на шест милијарди долари.
На маргините од официјалнниот дел од посетта, Орбан му подари на Ердоган нониус, коњ од унгарска раса, иако турскиот лидер падна од таков коњ во 2003 година.
„Подарок од една коњаничка нација до друга“, напиша Орбан на Фејсбук.
Од Ердоган на подарок добил електричен автомобил произведен во Турција, а фотографијата ја објавил на социјалната мрежа Х.
„Најдобрата зделка што сум ја направил. Добив 435 за една коњска сила. Добредојде претседателе Ердоган“, напиша Орбан.
The best deal I’ve ever made! For one horse power, I got 435. Welcome to #Hungary President @RTErdogan ! 🇭🇺🇹🇷 pic.twitter.com/RVmEgHROGn
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 18, 2023






