„Читајќи ја Декларацијата на самитот на ЕУ, повторно нам ни се држи лекција за исполнување на договорите со Грција и со Бугарија. Не знам дали таму некој ја искара Грција за тоа што не го спроведува договорот, бидејќи веќе сме до крајниот датум за исполнување на оние минимум обврски што ги имаше Грција, до 31 декември 2023. Потоа, според договорот, треба да се видиме на Меѓународниот суд на правдата, или да си вратиме назад сѐ што било наша обврска. – вели Солза Грчева, универзитетска професорка и претседателка на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“, во својата колумна со наслов „Шлаканица“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Грчева пишува: Од Брисел добивме уште една шлаканица, не се знае која по ред. Отрпнавме. Прошета нашата делегација, потпиша декларација, што не ни дава никакви шанси за напред и тргна да ја обвинува опозицијата дека нѐ кочела во нашиот напредок. Само тие знаат во каков напредок. Таму уста не отворија, не се спротивставија на лицемерието на Европската Унија, на нејзините двојни стандарди, на мижењето на сопствените „вредности“, на однесувањето, кое станува веќе опасно и за нејзиниот опстанок.
Геополитичкиот говор, кој доаѓа од Брисел, ја прикрива длабоката загриженост на повеќето членки на ЕУ за последиците од ваквото проширување и можноста да се примат членки како Украина и Молдавија. Но, администрацијата во Брисел цврсто ја турка таа агенда. Во овие околности секому му станува јасно дека таканаречените европски вредности одат обратнопропорционално од геополитичките интереси на Унијата.
Целата колумна тука





