Лидерот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера имале средба во Гоистивар, а тема била можната коалиција на двете албански политички партии, кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори пренесе ТВ 21, била
Ахмети по средбата изјавил дека сите опции се отворени и дека повторно ќе иамат средба.
„Сме разговарале, опциите се отворени, беше многу пријателски разговор, повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, визијата, настаните.
Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии, ќе донесеме одлука како и за која опција ќе се одредиме“, вели Ахмети во изјава за ТВ 21.






