Речиси половина мали и средни компании имаат проблеми со правни бариери кои ги спречува да применуваат дигитални технологии. Но, на 60 отсто од малите фирми сметаат дека доколку има подобро дигитално работење, тогаш ќе се намали во голема мера работата нан црно.

- – Менаџерите не го насочиле својот раст, односно својата конкурентност врз дигиталните алатки. Ниското ниво на брзината на водењето бизнис, де факто произлегува од главата на компаниите, односно од сопственичкиот потенцијал – одговори Бошков.
Ова е само дел од анкетата која ја спроведе бизнис конфедерацијата на Македонија. Дигиталната трасформација е неопходна за денешните бизнис процеси, сметаат од приватниот сектор.

Податоците покажале дека над 40 проценти од оние што учествуваа во истражувањето велат дека би можеле значително да ги подобрат своите перформанси ако вложат во дигитални алатки, процеси и решенија. Истовремено, 60 проценти изјавиле дека тоа сериозно им влијае врз пазарот на трудот, односно на борбата против неформалната економија. Еве ја изјавата од Бизнис-конфедерацијата на Македонија, објавена од ТВ 24.





