Владина компанија прифатила понуда на фирма која е трипати повисока од таа на конкурентот

Уште еден пример за тоа како безмилосно се трошат народните пари пристигна до нашата редакција. Според една македонска компанија, нивната понуда била дури трипати пониска од таа на конкурентот но иако единствениот критериум за доделување на договор за јавната набавка била пониската цена, АД Водостопанство на РСМ одлучило набавката да оди кај другата фирма. Обраќањето до јавноста од страна на KAZ Group ви го пренесуваме во целост:



Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари.

По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РСМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!

Нашата понуда изнесува

3.399.803,39,
(KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии)

а избран е економски оператор чија понудена цена е

9.963.005,05
(трговско другштво со увозени странски производи и еден вработен – 3N Development Group) денари, која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.

АД Водостопанство на РСМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари).