Најчевска: Државата е заробена, но има излез, само ако сакаат граѓаните да излезат од затворениот круг

„Има излез. Само ако сакаат граѓаните сакаат да излезат од затворениот круг.“ – вели универзитетската професорка Мирјана Најчевска во објавата на својот фејсбук-профил, сумирајќи ги годините на учеството на ДУИ во власта со различните македонски партии.



Таа пишува: По седум години владеење на СДСМ со ДУИ добивме заробена држава, неказнивост на криминалот на високи функционери, непрофесионална администрација, корумпирано судство, слабо образование, никакво здравство, загадена животна средина, испокраден заеднички имот, поткупени медиуми …

По десет години власт на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ добивме заробена држава, неказнивост на криминалот на високи функционери, непрофесионална администрација, корумпирано судство, слабо образование, никакво здравство, загадена животна средина, испокраден заеднички имот, поткупени медиуми …

Има излез.

Само ако граѓаните сакаат да излезат од затворениот круг.