ЈО го чека официјалниот извештај за смртта на Вања

Извештајот од Институтот за судска медицина кој треба да ги утврди причините за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска сè уште не е официјално доставен до Јавното обвинителство.



Обдукцијата на телата на убиените заврши на 5 декември, но сè уште се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Од Скопското обвинителство соопштија дека во тек е фазата на прибирање на сите докази околу истрагата на убиството на Вања и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

За свирепите убиства осомничени се шест лица. Од нив пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата од Турција.