Израелските одбранбени сили (IDF) во неделата објавија дека го откриле „најголемиот тунел на терористите на Хамас“ во Појасот Газа.
„Овој масивен тунелен систем се разгранува и се протега на повеќе од четири километри.
Неговиот влез се наоѓа на само 400 метри од граничниот премин Ерез,ж кој секојдневно го користат жителите на Газа за да влезат во Израел за работа и лекување во израелските болници.
Војската додаде дека тунелот го проектирал Мохамед Синвар, братот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар.






