Се работи на терен, ама не може одма да се постигне секаде. Санирани се поголем број од дефектите на електричната мрежа кои влчера поставија без струја околу 6.000 корисници во 12 оптини во Македонија, информираа од ЕВН. Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија претежно во руралните средини на подрачјето на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Дечево, Куманово и Прилеп каде што висината на снегот достигна до пола метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници.

„Екипите на Електродистрибуција сè уште се активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните населени места“ – соопштија од ЕВН.
Поради лошите временски и теренски услови проблем со снабдување со електрична енергија има во неколку непристапни места, претежно во руралните средини.




