По изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер која ги обвини институциите дека не апселе криминалци и не го спречиле убиството на Вања и Панче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски избегна да одговори на обвинувањата кон институцијата која ја раководи цели 7 години а која реално можеше да ја спречи смртта на девојчето и пензионерот.
Спасовски не одговори конкретно зошто Љупчо Палевски Палчо и покрај големиот број кривични дела досега не бил уапсен и зошто Вања не била спасена.
Министерот во денешната изјава се обиде да генерализира дека одговорни за трагедијата се институциите и граѓаните а конкретната вина за Палчо и Вања индиректно ја префрли на правосудството односно на обвинителството, државниот обвинител Јовески, шефот на Скопското јавно Гаврил Бубевски и судиите.
Министерот Спасовски по седум години во владата на најмоќната позиција вината ја гледа во системот кој морал да биде консидиран во однос на истрагите, судењата и во однос на извршувањето на санкциите.
,,За да не ни се случува кога МВР ќе ги приведува криминалците, за кратко време да ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки” изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
,,Целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите, судењата и извршувањето на санкциите. Тоа е нешто што мораме да го разбереме и да го прифатиме како состојба што мора да се менува”, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека институциите треба да се погледат во очи и да се запрашаат што можеле да сторат за да се спречи убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Во обидот да ја отфрли вината на обвинителството Спасовски тврди дека улогата на полицијата наспроти Обвинителството во однос на неказнивоста е на страна на МВР.
,,За тоа може да се извадат конкретни податоци и информации во однос на постапувањето и на двете институции. Јас ве уверувам во однос на постапувањето на Министерството за внатрешни работи и тоа може да се покаже со бројки. Во однос на секоја пријава, делување, постапување и собирање на сите информации, податоци и поднесувањето на кривичните пријави”, рече Спасовски.
Според министерот за внатрешни работи, за граѓаните е важно да знаат дека за криминалците од првиот момент кога ќе бидат приведени, ќе има една траекторија во која ќе гледаат и ќе знаат дека дошло до извршување на санкцијата или дошло до одземање на имотот којшто е стекнат на криминален начин, само ако има брза правда ќе бидеме сите сигурни.
,,Целиот систем мора да биде консидиран во однос на истрагите, судењата и во однос на извршувањето на санкциите за да не ни се случува кога МВР ќе ги приведува криминалците, за кратко време да ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки”, вели Спасовски.
Американската амбасадорка Анџела Агелер зжво емисијата „Стадион“ на Канал 77 во врска со убиството на малата Вања порача дека не е време за политизација и дека институциите треба да се погледат во очи и да се запрашаат што можеле да сторат за да го спречат убиството на девојчето.
,,Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Цената ја плати една млада девојка, Вања ја плати цената. Сега не е време за политизација. Време е институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба сега да направиме за вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи”, рече Агелер.






