Путин: Глупост на Бајден е дека Русија ќе го нападне НАТО

 

„Ова е целосна глупост. Мислам дека претседателот Бајден го разбира ова, но тој едноставно користи таков говор за да ја оправда својата погрешна политика во руска насока“, рече Путин во интервју кое треба да биде емитувано вечерва.



Путин е убеден дека позицијата на Вашингтон е погрешна и се сомнева дека САД навистина ја делат.

„Со оглед на изгледите за глобален развој, САД не се толку заинтересирани како што мислеа пред 20 години, и како што јавно наведува сега, да нанесат стратешки пораз на Русија“, се точните зборови на Путин, пренесува ТАСС.

„Не мислам дека тоа е во национални интереси на самите Соединети Држави“, истакна и рускиот претседател.

Но, таква загриженост нема само американскиот претседател.

„Постои „реален ризик“ дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане со Украина доколку таму оствари воена победа“, предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ден по телевизиското гостување на Владимир Путин.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истиот ден го повика блокот да продолжи со својата поддршка за Украина.