Може ли утре по изборите во Србија да се случи нова ,,Шарена револуција”

Дали после утрешното гласање, каде се очекува убедлива победа на Српската напредна странка, опозицијата подготвува “обоена револуција”?



Ова прашање го поставува порталот време.мк од каде се тврди дека во пресрет на претстојните парламентарни и локални избори во Србија, каде набљудувачите очекуваат убедлива победа на Српската напредна странка, се појавиле одредени ексклузивни сознанија дека “прозападната опозиција” по поразот подготвува долготрајни протести по добро познатиот “мајдански рецепт”, спроведен во Украина.

Според написот “прозападната опозиција” има намера по затворањето на бирачките места и пристигнувањето на првите прелиминарни резултати да прогласи изборна победа во Белград, за да потоа ја блокира Републичката изборна комисија каде по сознанијата би се воспостави таканаречена “Слободна зона без насилство” и ќе го оспори целокупниот изборен процес.

,,Знаци за распознавање би биле ракавици со одредена боја или други реквизити кои ќе им овозможат само на одредени лица пристап до локациите кои ќе бидат блокирани.
За овие активности, според сознанијата на нашиот извор, опозицијата добила
подршка од дел на земјите на ЕУ и САД кои процениле дека претседателот Вучиќ и Српската напредна странка не се кооперативни по прашањето на Косово и Метохија и воведувањето на санкции на Руската Федерација”, пишува порталот.

Линк до целата информација овде

Најчитани вести

Не можеше веќе да молчи пред руината пред себе

,,Фак ју Скопје” екс потпретседател на СДСМ со емотивна реакција за хаосот околу ,,Дајмонд Мол” (ВИДЕО)