Вистинско лудило околу Бојан Миовски создадоа навивачите на Абердин пред финалето на Лига купот на Шкотска против Глазгов Ренџерс на неговиот стадион „Хемпден Парк“ утре од 16 часот.
„Погоди Бојан и ќе добиеш споменик во Абердин“, „Наш хероју, стори го тоа“, „Постигни хет-трик утре, те молам“, „Време е да заблескаш голем човеку“, „Стани легенда утре“, „Се гледаме утре другар, направи го денот за паметење“, се само дел од пораките што ги доби на Твитер македонскиот напаѓач и најдобар стрелец на „донси“ со 12 гола во сите натпреварувања сезонава.
Токму Миовски во полуфиналето беше во буквална смисла херојот на Абердин, кога при играч помалку на неговиот тим на теренот истрча 80 метри и хируршки прецизно го најде патот до мрежата за Хибернијан.
Пред три недели 24-годишниот штипјанец погоди против „ренџерите“ во ремито 1:1 во шкотскиот Премиершип, а во минатата сезона уште два пати беше стрелец против гигантот од Глазгов – во домашната победа од 2:0 во првенството и во поразот од 2:1 на гости во полуфиналето на Лига купот.
„






