Како да нема крај неизвесноста за реализацијата на проектот „Чебрен“. Иако вчера беше последниот ден да се склучи договорот, тоа не се случи поради жалбите на грчката фирма која го доби тендерот. Животна средина го продолжи рокот, па сега останува на грчката страна да се изјасни што понатаму. Велефонски разговор за Канал 5 министерката за животна средина Каја Шукова, кажа дека банкарската гаранција на грчки Архиродон е со важност до крајот на годината. Доколку ја продолжат, процесот ќе продолжи и ќе се пристапи кон склучување на Договорот за заедничко вложување и основање на акционерско друштво со ЕСМ.

„Се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно законот за води прво мора да добиете Дозвола за води, а потоа да се потпише Договор за концесија, а они сметаат дека прво треба да се потпише Договор за концесија, а потоа да продолжи постапката понатаму. Но, ние се држиме на она што го регулираат нашите закони и за истото ќе биде информирана компанијата. Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот. До крај на година ќе имаме некакви информации во која насока ќе оди постапката“ изјави за Канал 5 Каја Шукова, министер за животна средина.
Во меѓувреме експертите не отстапуваат од барањето проектот да се стопира. Според нив жалбите на грчката компанија се оправдани и се дел од тоа за кое и тие предупредувале. Очекуваат дека некоја од институциите кон кои поднесоа претставка пред некој ден ќе постапат и ќе го запрат проектот. Константитн Димитров од здружението на инженери вели дека остануваат на ставот – Чебрен да не се дава на странски инвеститор, туку да го гради државата.

„Барањето на тој што конкурирал веројатно е оправдано по тие точки, но и тендерот не е усогласен со повиците и законските одредби кај нас. Ние баравме да се испита легитимноста на вакви неусогласени работи.Сме загрижени, дека наместо да се пристапи сериозно од сите аспекти, ние даваме да ни владее врз државата, става рака друга држава. ЕСМ е држава, препуштат друга држава да ти води и раководи, суверенитетот го напушташ на некој начин. Ако еднаш едно кралство падне, веќе не може да се подигне“ кажа за Канал 5 Константин Димитров, професор за енергетика.
Владата по повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, во септември годинава донесе одлука преку јавно приватно партнерство да се реализира хидроцентралата Чебрен. Проектот треба да чини 1 милијарда евра,





