Кнаус: Промена на уставот не значи влез во ЕУ туку почеток на вечна битка со Бугарија за идентитетот

Најголемиот лобист за проширување на ЕУ австриецот Гералд Кнаус испраќа смета дека промена на уставот на Македонија нема да значи влез во ЕУ туку почеток на вечен конфликт со Бугарија.



Кнаус кој е основач и претстедател на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) е сигурен дека во моментот кога Македонија ќе го смени уставот за да ги стави Бугарите во него Софија ќе пивара посебни права за 30 проценти Македонци кои имаат бугарски државјанства а кои соседите ги сметаат за Бугари.

Кнаус смета дека Бугарија веднаш ќе побара бугарски јазик во македонските училишта , бугарски историски книги и глупав конфликт за македонскиот идентитет.

Овој дел од разговорот со Горан Момироски е по 18 минута

Кнаус кој сега работи во Берлин вели дека терминот 2030 година што Ковачевски и Маричиќ го даваат како рок во кој може да се влезе во ЕУ е лажен.

Според него Македонија наскоро не може да стане членка на ЕУ, туку е можен само влез во единствениот европски пазар.

Во интервју за емисијата Заспиј ако можеш со новинарот Горан Момироски Кнаус ја открива вистината зад можностите Македонија наскоро да стане членка на ЕУ.

Промената на уставот за влез на Бугарите не може да ја промени трагичната судбина на македонскиот влез во унијата смета Кнаус.

Шок од најголемиот лобист за ЕУ: Македонија наскоро не во ЕУ, можен е само единствен европски пазар

Целото интервју на Момироски со Кнаус.