Откако обвинителството во случајот на прогон против Жан Митрев и неговата клиника за прв пат во едно судење прозна дека се уморила од читање на докази што е суштина на процесот се поставува прашањето дали обвинителството и тие што стојат зад него почнаа да се повлекуваат од обидот да се уништи Жан Митрев и неговата клиника.
Во судските случаи обвинителите најчесто се уморуваат кога гледаат дека немаат докази или кога им станува јасно дека нивната стратегија не може да помине на пред формалниот суд но и кога судот на јавноста гледа за каква махинација или нарачана пресметка се работи.
Искра Хаџи Василева, обвинителка во случајот против клиниката и против доктор Жан Митрев, на вчерашното рочиште ги читаше имињата на пациентите со потсмев. Откако на барање на судијата беше побарано материјалните докази да се презентираат во целост и непосредно, обвинителката Хаџи Василева иако се противеше на оваа постапка, сепак почна со читање. По само делумно презентирање на еден поднесок, кој е доставен до обвинителството на нејзино барање, таа се измори и рече „уф се уморив, од читање, да продолжиме друг пат“, пишува МКД.мк за судењето.
Од одбраната на Жан Митрев велат дека со ова обвинителството покажало дека се повлекува од случајот против Жан Митрев затоа што обвинителката покажува незаинтересираност да ги презентира доказите како што ѝ налага Законот за кривична постапка.
На претходните рочишта во случајот против д-р Митрев, неколку сведоци дадоа поинакви сведочења од првичните изјави, а обвинителката направи тешка повреда на одредбите од Законот за кривична постапка.
Клучните сведоци во случајот даваа контрадикторни изјави со кои сериозно го разнишаа обвинението. Една од нив е Мелита Брезева, која сведочеше дека нејзиниот сопруг самиот барал хемофилтрација иако бил одбиен од докторскиот конзилиум, се додека клиничката слика не налагала употреба на хемофилтрација. Покрај нејзиниот сопруг, уште четворица други членови од ова семејство се лечеле во клиника Жан Митрев. Иако на сите има се вратени парите за неискористените хемофилтрации, приближно 26.000 евра, сепак Брезева тужи за оштетно побарување.
На претходното рочиште сведочеше и сестрата која ја тужи клиниката за смртта на својот брат, иако тој починал во друга клиника. А еден од сведоците суштински го менува исказот кога се почувствувал измамен и оштетен откако му било предочено за што станува збор во случајот.
За ова постојат индиции дека се почувствувал измамен и оштетен откако обвинителката Хаџи Василева ја прочитала јавно наредбата за истражна постапка пред 30-40 сведоци собрани во една просторија и потоа во присуство на сите останати сведоци му земала исказ на сведокот во кој тој изјавил „откако ми објаснивте за што се води оваа постапка се чувствувам измамен и оштетен“, велат од одбраната на Митрев.
Најголемото разнишување на обвинението е поврзано со обвинителката во судскиот процес, Искра Хаџи Василева која со читањето јавно на наредбата за истражна постапка пред сите можни сведоци во предистражна постапка, според експерти кривичари направи тешка повреди на одредбите од Законот за кривична постапка. На тој начин таа оддаде тајна и влијаеше врз исказите на сведоците.
„Од аспект на постапката пак е скандалозно како надлежната обвинителка ги убедува пациентите дека се оштетени и ги наведува како да сведочат пред судот! Убеден сум дека вака поставен случајот на обвинителството е многу слаб и не би можел да помине во нормална држава“, изјави за МКД.мк Гордан Калајџиев, професор по кривично право на Правниот факултет во Скопје.
Иако обвинението се однесува на измама врз оштетените од страна на д-р Митрев, сепак сите сведоци досега сведочеа дека немале директен, непосреден контакт со него, за да може делото да биде извршено, пишува МКД.мк.
Исходот на вчерашното судење можеше да се претпостави
Опасност од успешен прогон врз кардиохирург која спасува илјадници животи но и шанса да се открие злосторничко криминално здружување
Судот под жесток двоен притисок пред продолжување на процесот против Жан Митрев






