Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места по прекинот на водоснабдувањето поради пукање на водоводна цевка во близина на МКЦ.



Пукна цевка, корисниците од Керамидница до Хиподром денеска без вода

Со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром.

Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ превземени сите активности и мерки за отстранување на дефентот.

Од Дежурно Информативниот Центар на ЈП Водовод и канализација – Скопје, велат дека за секоја  дополнителна информација граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 3073 010.