Новинарот Ивор Мицковцски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски според кој, „Со проевропска влада, Македонија во следниот мандат ќе биде членка на ЕУ“!
„Тројна лага!
Прво не сте проевропска влада, туку фасадно така се декларирате за да си го покриете криминалот.
Второ, нема како да предводите влада или да имате мандатар.
Трето, ниедна влада, ни сите влади заедно, не ја внесуваат Македонија во следни 4-6 години.
Ви пропаднаа сите приказни, барем искрено соочете се со избирачите, кои одамна ве имаат прочитано. Вака само, со оваа ароганција, само уште повеќе тонете и не’ пропаѓате“ – вели во објава на Фејсбук Мицковски.




