Родот преполовен, увозот зголемен – земјоделците добија владина помош, но колку таа е доволна за да нема иселувања?!

Земјоделци речиси нема ни за лек, а оние што ги има работат со полна пареа за да се прехранат, а добар дел од родот го продаваат на откупните центри. Покрај намаленото домашно производство, земјоделците велат дека земјава полека станува земја зависна од увоз. Само лани, Македонија увезла храна во вредност од речиси 900 милиони евра, за разлика од годината претходно, кога во земјава се извршил увоз на храна во вредност од 700 милиони евра. За сериозно да се поддржи оваа гранка, од ресорното министерство доделија 206 договори, од кои 121 договор се млади земјоделци.



Премиерот Димитар Ковачевски, кој се обрати на настанот, истакна дека стабилна и успешна држава е онаа која се потпира на сопствените ресурси. Потенцира дека токму земјоделците се тие кои овозможуваат нашата држава да се потпре на сопствените ресурси и да ги искористиме сите потенцијали и ресурси во корист на државата и граѓаните.

  • Земјоделците со ова имаат можност да набават земјоделска опрема, како пчеларска опрема, силоси, опрема за објекти за производство за на храна од животинско или неживотиснко потекло, комбајни и широка лепеза на друг тип опрема, рече Ковачевски.
  • Значи, 121 млад човек ќе се потпише, а од 206 договори исто 121 се жени, така што фокусот којшто го ставаме на младите и жените еве се потврдува со докази и со факти дека тие се заинтересирани, дека агросекторот расте и дека се подмладува и дека жените се се’ повеќе заинтересирани за земјоделското производство, рече, меѓу другото, Никоиловски. 

https://fb.watch/oY5JMVUxro/