,,Оваа година одбележуваме 5353 денови до правда.Оваа година, по 16-ти пат гордо ќе маршираме на улиците истакнувајќи дека иако можеби е бавна, сепак правдата постои и на крајот може да биде задоволена“, порачаа денеска учесничките на Маршот на црвените чадори што се одржа во Скопје.
Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од страна на државата базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со законите и уставот на Македонија и декриминализација на сексуалната работа, во рамки на овогодинешната кампања „5353 денови до правда”, пишува во соопштението од организаторите.
Маршот започна на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија” и ќе заврши на плоштадот „Филип Втори”.






