„Значи можело, ако се сака“!
Вака, професорката Мирјана Најчевска ја прокоментира „историската“и изненадувачки брза одлука да се покани Украина на пристапни преговори имајки предвид дека Украина и Молдавија сложениот процес го завршиле за рекордно време – од поднесувањето на апликацијата до отворањето на преговорите, не поминаа ни две години.
„Ова можело да се направи и за Македонија, ама ЕУ државите не ја сакаат Македонија во своите редови и дозволуваат поставување на бесмислени услови само како изговор верувајки дека ниту една држава нема толку да се понижи за да ги исполни овие услови“, вели Најчевска.
Во уште една објава на Фејсбук, Најчевска загатнува и една од можните причини за одолговлекувањето на старот за преговорите на Македонија.
„Според ова што можам да го видам основна пречка за влегување во ЕУ е исламофобијата.






