„Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани“, објави на Фејсбук шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, откако вчера Македонија не доби виза за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ вчера одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, све земји кои пред една година добија кандидатски статус, за разлика од Македонија која е земја кандидат од 2006-та.
„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија“, напиша Османи во објавата.






